Дома Фудбал Останато Видео: Арсенал рутински, Адеми и Динамо супериорно!

Видео: Арсенал рутински, Адеми и Динамо супериорно!

Арсенал без поголеми проблеми ја анулира предноста на БАТЕ Борисов од првиот меч и со победа од 3:0 се пласираше во осминафиналето од Лига Европа.

„Топџиите“ уше во првото полувреме ја анулираа негативата и на одмор заминаа со предност од 2:0. Голема помош за тоа имаа и од белорускиот тим, кој во 3-та минута си постигна автогол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 39-та минута Мустафи погоди за 2:0, а Сократис во 60-та минута ги постави конечните 3:0.

Голема победа оствари и тимот на Ајнтрахт Франкфурт против Шахтјор од 4:1 и после ремито во Украина се пласираше во осминафиналето.

Зенит успеа да ја анулира предноста на Фенербахче од првиот меч и на домашен терен победи со 3:1, што беше доволно за пласман во следната фаза. Тимот на Елмаз се до 76-та минута имаше резултат кој го носеше во осминафиналето (2:1), но Азмоун во завршните минути постигна гол за славје на рускиот тим.

Висока победа од 3:0 оствари Динамо Загреб на нашиот репрезентативец Адеми над Плзен и супериорно се пласираа во осминафиналето.

Стефан Ристовски со Спортинг не успеа да приреди изненадување во Шпанија, неговиот тим остана непоразен против Вилјареал (1-1), но сепак е елиминиран поради минималниот пораз од 0-1 на првиот натпревар во Португалија.

Пласман во осминафиналето уште обезбедија уште и Наполи, Валенсија и Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…