Дома Фудбал Англија Видеo: Тотенхем го надигра Сити и најави кандидатура за титулата!

Видеo: Тотенхем го надигра Сити и најави кандидатура за титулата!

Тотенхем одигра маестрален натпревар против лидерот Манчестер Сити и заслужено победи со 2:0, со што најави дека има тим за титулата во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата тима одиграа интензивен натпревар со многу шанси, а работата на домаќините им ја олесни Коларов кој после една неспретна реакција си постигна автогол во 9-та минута.

До крајот на полувремето подобри шанси имаше Тотенхем, а една од нив во гол ја претвори Деле Али за 2:0.

Тотенхем имаше шанса за уште поубедлив триумф, но Ламела промаши пенал во 65 минута. За негова среќа тоа не беше казнето од гостите, кои прв пат сезонава не дадоа ниту еден гол.

Во вториот натпревар што се играше во истиот термин шампионот Лестер ремизираше 0-0 против екипата на Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Египет го објави списокот за Мундијалот, селекторот направи едно големо изненадување!

Тренерот на египетската репрезентација, Хосам Хасан, го претстави списокот на играчи за Св…