Дома Топ вести Вечерна БОМБА: Падна договор – На „Енфилд“ пристигнува Бразилец од 50 милиони евра!

Вечерна БОМБА: Падна договор – На „Енфилд“ пристигнува Бразилец од 50 милиони евра!

Информацијата од Франција ја потврдуваат и англиските новинари!

Еден од најдобрите фудбалери на Монако се сели во Ливерпул за сума од 50 милиони евра, објави вечерва „Радио Монте Карло“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фабињо пристигнува на „Енфилд“! Ексклуизвната информација ја пренесе добро известениот новинар Мохамед Бухади, но Пол Џојс од „Тајмс“ и сите медиумите на Островот работата ја означуваат како завршена!

Според информациите конечниот договор е постигнат денес, а Монако ќе добие оштета од 50 милиони евра со бонуси. Со овој трансфер веројатно пропадна можноста да се ангажира Набил Фекир од Лион, Клоп изгледа се одлучил за играчот кој е нешто по дефанзивен.

Да потсетиме, Фабињо минатото лето беше баран од страна на Пари Сен Жермен, но тогаш Монако бараше 90 милиони евра, сума која што клубот од Париз не сакаше да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…