Дома Кошарка Вестбрук не останува во Јута: Сам си го откупува договорот за да се пресели во Клиперс

Вестбрук не останува во Јута: Сам си го откупува договорот за да се пресели во Клиперс

Расел Вестбрук планира да потпише договор со Лос Анџелес клиперс, објави познатиот новинар на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.

Јута Џез го доби Вестбрук од Лос Анџелес Лејкерс при трејдот, но искусниот кошаркар ќе го откупи договорот и ќе се пресели во Клиперс.

Вестбрук оваа сезона во просек постигнуваше по 15,9 поени, 7,5 асистенции за 28,7 минути поминати на паркетот, но тоа не беше доволно за Лејкерс.

Пред да се приклучи на Лејкерс, Вестбрук играше за Оклахома сити, Хјустон и Вашингтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама оди бос и на тренинг: Необичната навика има своја причина

Центарот на Сан Антонио објасни зошто ја избегнува класичната обувка кога може и со каква …