Дома Фудбал Репрезентации Вентура незадоволен: Ќе се мачиме во баражот доколку играме како против Македонија

Вентура незадоволен: Ќе се мачиме во баражот доколку играме како против Македонија

Селекторот на Италија, Џампиеро Вентура беше незадоволен од изданието на своите фудбалери во натпреварот против нашата репрезентација кој заврши без победник 1:1 и нагласи дека Италија ќе се мачи во баражот доколку прикаже игра како во овој натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото место во нашата група веќе го обезбеди Шпанија кога се пласираше директно на Мундијалот во Русија. На Италијаните им останува да бидат помеѓу осумте најдобри второпласирани селекции и преку бараж да стигнат до Русија.

Меѓутоа во вчерашниот натпревар во Торино лесно беше да се забележат многу слабости во репрезентацијата на Италија.

„Ќе се мачиме во баражот, ако играме како во второто полувреме против Македонија. Не е потребно да бидете тренер за да можете тоа да го забележите. Резултатот не е позитивен, тоа не е она што го посакувавме. Сега е важно да ја вратиме енергијата кај фудбалерите и да обезбедиме бараж“, изјави Вентура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…