Tимот на Венеција испрати барање за одложување на натпреварот против Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во редовите на Венеција се појавија десет нови случаи на фудбалери и вработени со ковид-19, соопшти клубот од Италија.
Венеција во своите редови вкупно со претходните четири има 14 лица позитивни на коронавирусот. Натпреварот против италијанскиот шампион треба да го играат во сабота, но поради ваквата ситуација дуелот може да се одложи.
Најновите правила во Италија гласат дека клубот може да побара одложување на натпреварот доколку 35% од играчите имаат позитивни тестови.