Дома Топ вести Венгер пронајде напаѓач – го купува италијанското откритие!

Венгер пронајде напаѓач – го купува италијанското откритие!

Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти е едно од најголемите откритија оваа сезона во Серија А и експертите се сигурни дека станува збор за идната ѕвезда на италијанскиот фудбал.

Белоти веќе постигна 8 гола оваа сезона за Торино и дебитираше за италијанската репрезентација каде на три натпревари постигна три гола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Готово сите големи италијански клубови покажуваат интерес за 22-годишниот напаѓач, а најсериозен во намерата да го купи во јануари е Арсен Венгер.

Венгер веќе подолго време е во потрага по квалитетен напаѓач и во Белоти гледа идеално решение, па е спремен да понуди 35 милиони евра.

Останува да видиме како на оваа понуда ќе реагира раководството на Торино, но тешко е да се поверува дека ќе го пушти напаѓачот во јануари.

Сепак, следното лето Белоти ќе биде ѕвезда на преодниот рок и многу европски клубови ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…