Дома Фудбал Англија Венгер: Не можам да лежам на плажа, ми треба предизвик!

Венгер: Не можам да лежам на плажа, ми треба предизвик!

Бившиот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека ќе ја продолжи кариерата и се надева наскоро да добие понуда од топ клуб.

Венгер после цели 22 години го напушти кормилото на „топџиите“, но вели дека му треба нов предизвик и е спремен да се врати на терените.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Јас во животот сакам предизвици. Не знам што ќе се случи во иднина, но сега имам чиста страница и треба да ја испишам. Јас навистина не можам да лежам на плажа и да уживам во животот“, тврди Венгер.

„Кој клуб би сакал да го тренирам? Сигурно некој голем клуб со големи амбиции“, изјави Венгер.

Веднаш после шокантното заминување на Зидан од Реал Мадрид, медиумите тврдат дека Венгер е еден од кандидатите за кормилото на „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…