Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар шампионски, Кире и другарите паднаа во Скопје

Вардар шампионски, Кире и другарите паднаа во Скопје

Избраниците на Раул Гонзалез уште еднаш покажаа зошто се европски шампиони и ја запишаа втората победа во ЛШ, откако во Скопје го победија Нант со 27:23.

Натпреварот меѓу Вардар и Нант започна со доста грешки, а гол не падна дури четири минути. Први резултатот го отворија гостите со гол на Ниокас, а тоа беше единствено водство на Французите во првиот дел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гонзалес го најде вистинското решение и Вардар со фантастичен финиш во последните десетина минути се одлепи и одлично ја контролираше играта, па на полувреме „црвено црните“ имаа + 4.

Во второто полувреме Вардар рутински ја чуваше предноста, а голем удел во победата има Арпад Штербик, кој имаше неколку извонредни одбрани.

На крајот, најефикасен кај Вардар беше Ферира со 6 погодоци, додека кај гостите Кристопанс постигна 5. Нaшиот интернационалец Кире Лазаров не успеа да постигне гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …