Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар против Нексе ќе игра на 1. февруари

Вардар против Нексе ќе игра на 1. февруари

Вториот дуел за Вардар 1961 во СЕХА лигата сезонава, оној против НЕКСЕ е закажан за 1 февруари 2021 година. Средбата треба да се игра во Сц „Јане Сандански” со почеток во 20,15 часот.

Договорот доаѓа откако и репрезентацијата на Хрватска ги заврши натпреварите од СП, па играчите се вратени во своите клубови. Исто така и Вардар очекува репрезентативците што настапуваа на СП да се приклучат на подготовките и да бидат комплетни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шестмина играчи на Вардар 1961 настапуваа на СП во Египет, од што четири за репрезентацијата на Македонија (Стоилов, Мишевски, Талевски и Димитриоски) и по еден за Хрватска (Чупиќ) и Полска (Валчак).


Потврдени термини за СЕХА лига

28 јануари 2021
Вардар 1961 – Војводина (17,45 ч.)

1 февруари 2021
Вардар 1961 – Нексе (20,15 ч.)

27 февруари 2021
Мотор – Вардар 1961 (20,15 ч.)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…