Вардар1961 победи на пријателскиот меч против Металург со 29-24 (15-13) со што го означија почетокот на подготвителниот период во кој ќе се играат натпревари до почетокот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двата тренери им дадоа шанса на сите играчи што ги имаат на располагање и повеќе се внимаваше на воигрувањето и „барањето“ на вистинската седморка која треба да го понесе товарот во текот на сезоната.
Металург го отвори добро натпреварот со имаше водство од еден гол предност, а од 12 минута Вардар1961 првпат поведе и потоа се играше „гол за гол“.
Во последните минути од првиот дел „црвено-црните“ зголемија на 15-13.Во второто полувреме Вардар1961 беше тимот што беше во водство, иако Металург постојано резултатски беше во игра и израмнија на 21-21. Повторно во последните минути Вардар направи предност од неколку голови.
Фото: Денис Дуковски