Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар или Веспрем – ќе се знае вечер, на финалниот дуел

Вардар или Веспрем – ќе се знае вечер, на финалниот дуел

Македонскиот првак Вардар или унгарскиот Веспрем третпат ќе биде победник во регионалната ракометна СЕХА лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова ќе биде познато вечерва откако овие два тима кои беа убедливо најдобрите во регуларниот дел од сезоната, ќе го одиграат финалниот натпревар на завршниот фајнал-фор турнир кој се одржува во Мешков, Белорусија.

Сезонава Вардар и Веспрем одиграа два натпревари. Скопскиот заврши со триумф на црвено-црните (29-22), а на дуелот во во Унгарија немаше победник (28-28).

Овој меч воедно доаѓа и како последна проверка пред четвртфиналето во Лигата на шампионите, која сигурно е приоритет за двата тима.

Минатата година во финалето на турнирот во Вараждин, Хрватска, екипата на Веспрем беше подобра од Вардар со 28-26.

Двата тима досега по два пати го освојувале шампионскиот трофеј, а која екипа ќе биде првата со три трофеи ќе се знае вечерва по мечот кој е закажан да почне од 20 часот.

Претходно (17.30 часот) за третото место ќе играат ППД Загреб и Мешков Брест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Абутовиќ емотивно се збогуваше: Те сакам Македонијо!

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ со емотивна порака се прости од Пелистер и Битола, откак…