Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар доведе десен бек од Металург!

Вардар доведе десен бек од Металург!

Тимот на Вардар се засили со уште еден млад македонски ракометар, дел од црвено-црните станува Томислав Јагуриновски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јагуриновски практично се враќа во Вардар каде што ја започна кариерата. Десниот бек е второто засилување за новата сезона откако Алушовски претходно го потврди доаѓањето на Русинот, Димитри Санталов.

Во Вардар Јагуриновски пристигнува откако не го продолжи договорот со Металург за кој настапуваше сезонава. Со Вардар младиот ракометар потпиша договор на три години.

Јагуриновски пристигнува како замена за Криштопанс и Толедо кој го напуштија клубот. Криштопанс уште пред некој месец си замина, додека за Толедо пред неколку дена беше објавено дека се реши да ја продолжи кариерата во Баја Маре во Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…