Дома Ракомет Вардар „гази“ во СЕХА, падна и Целје!

Вардар „гази“ во СЕХА, падна и Целје!

По женскиот тим на Вардар денес победа запиша и машкиот.

Црвено-црните иако без Стоилов и Македа запишаа победа против Целје во рамките од СЕХА лигата со резултат 28:31.

По подобриот старт на Целје, Вардар успеа да ја наметне својата игра и да замине на полувреме со предност од три гола разлика 13:16.

Во вториот дел Врдар на моменти имаше и пет гола предност, но Целје не се предаваше и успеа да стигне на само еден гол негатива. За наша среќа тоа беше се што успеаа домаќините да направат, па до крајот Вардар одигра искустно и успеа да слави.

Наејфикасни на натпреварот беа Дибиров и Шишкарев со шест постигнати погодоци. Од редовите на Целје по пет погодоци постигнаа Вујовиќ, Кодриќ, Млакар и Аниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар без шанса за следна фаза, Валах бара победничко збогување со ЛШ

Вардар го пречекува Мелсунген во среда, со желба триумфално да го затвори европскиот наста…