Дома Македонски спорт Вардар во ЛШ е вториот најдебел тим (ФОТО)

Вардар во ЛШ е вториот најдебел тим (ФОТО)

Денес започнува ракометната Лига на шампионите, меѓутоа ние ја чекаме сабота кога Вардар ќе ја започне сезоната во која ќе ја брани европсктата титула, Еурофарм својот натпревар го игра ден подоцна.

Пред почетокот ЕХФ пред неколку дена го објави ранкигот за фаворити за тронот и на таа листа црвено-црните беа рангирани на седмата позиција.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На официјалната страна се појави и една интересна статистичка категорија. Имено, ракометарите на Вардар имаат просечна тежина од 98.1 килограми и само тимот на Веспрем има потежок тим (100.6 килограми).

Кога ќе се пресмета просекот на сите екипи се доаѓа до 92.5 килограми, а ракометарите на вториот македонски претставник Еурофарм е под просекот со 90.6 килограми.

Кога се годините во прашање и Вардар и Еурофарм се под просекот.

Според височината Вардар се наоѓа на седмата позиција, тука Еурофарм се наоѓа на претпоследната позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…