Дома Фудбал ВАР ја остави Барса без финале, Атлетико на мегдан со „кралевите“ (видео)

ВАР ја остави Барса без финале, Атлетико на мегдан со „кралевите“ (видео)

Атлетико Мадрид со два гола во последните десет минути ја победи Барселона (2:3) и закажа пресметка со Реал Мадрид за трофејот во Суперкупот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во вторто полуфинале видовме вистински спектакл со пет гола и пресврти. Барса доминираше во првиот дел, но не успеа да го совлада расположениот Облак.

На стартот од вториот дел, Коке погоди за водство на Атлетико, но само 5 минути подоцна Меси го израмни резултатот, а неколку минути подоцна Гризман погоди за комплетен пресврт.

„Јорганџиите“ направија вистински подвиг и за пет минути, од 81-та до 86-та постигна два гола и обезбеди финале со Реал Мадрид.

Треба да се напомене дека ВАР беше во главна улога на овој меч и и поништи два гола на Барселона. Едниот во 73-та минута поради милиметарски офсајд на Видал, а претходно и на Меси му беше поништен гол поради игра со рака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран се закани дека ќе го напушти Светското првенство!

Натпреварот помеѓу Иран и Египет на Светското првенство привлече големо внимание и пред пр…