Дома Фудбал ВАР поништи гол на Заниоло во 91. минута: Џенова освои бод против Рома 🎥

ВАР поништи гол на Заниоло во 91. минута: Џенова освои бод против Рома 🎥

Рома не ја искористи приликата да му се доближи на Јувентус на еден бод и одигра 0:0 против Џенова во 24. коло од Серија А.

Џенова добро се држеше во првото полувреме и имаше свои шанси, меѓутоа мрежите мируваа.

„Волчицата“ ја презема контролата во второто полувреме и создадоа дури 14 шанси кон голот на Џенова, но ниту еден удар не заврши во мрежата. Заниоло ја погоди мрежата во 91. минута, но ВАР го поништи неговиот гол.

Рома со 39 бодови е на шестата позиција и има три бода помалку од Јувентус и четири од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

26 удари, ниту еден гол: Јаблонец ја запре победничката серија на Брајтон

По шест победи во низа, Брајтон одигра 0-0 кај Јаблонец во Конференциската лига, а во фини…