Дома Фудбал Валенсија поднесе жалба за казната за натпреварот против Реал Мадрид

Валенсија поднесе жалба за казната за натпреварот против Реал Мадрид

Екипата на Валенсија ќе поднесе жалба на казната од Шпанската фудбалска федерација за затварање на трибината „Марио Кемпес“ за следните пет натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ваква одлука федерацијата донесе по навредите кон Винисиус Жуниор на расна основа во натпреварот против Реал Мадрид изминатиот викенд.

Од Валенсија се убедени дека оваа казна не е праведна.

„Валенсија го осудува расизмот како и секогаш претходно и со сите сили се бориме против таа појава. Од таа причина сметаме дека казнувањето на сите навивачи кои не беа вклучени во инцидентот не непромислено и неоправдана мерка без преседан против која ќе поднесеме жалба“, стои во соопштението.

Исто така Валенсија беше казнета и со парична казна во износ од 45.000 евра, а тоа најголемата санкција за расизам во шпанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…