Дома Фудбал Англија Валенсија „лајкуваше“ пост за отказ на Мурињо, а потоа се извини!

Валенсија „лајкуваше“ пост за отказ на Мурињо, а потоа се извини!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија стави „лајк“ на пост за барање оставка на тренерот Жозе Мурињо, но потоа јавно се извини за тоа.

На Валенсија му се допаднала фотографијата поврзана со постот на Инстаграм поставен од страна на група навивачи каде се бара оставка на тренерот Жозе Мурињо.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Се извинувам. Ставив лајк без да ја прочитам содржината. Тоа е несреќна моја реакција. Тоа не е мојот став за тренерот Мурињо“, изјави Валенсија.

„Време е Мурињо да замине“, стои во постот на Инстаграм.

33-годишниот Валенсија е на „Олд Трафорд“ е од 2009 година. Досега одигра 335 натпревари во кои постигна 25 гола и запиша 62 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…