Дома Фудбал Валверде: Секоја чест за Модриќ, но ова е апсурдно

Валверде: Секоја чест за Модриќ, но ова е апсурдно

Именувањето на Лука Модриќ за најдобар играч на светот за 2018. година е апсолутна топ тема во светската спортска јавност, а одамна немало толку реакции за изборот на најдобриот.

Не се во мал број оние кои сметаат дека Модриќ не ја заслужи наградата, но Хрватот сепак убедливо славеше пред Роналдо и Гризман.

Свој коментар за победникот даде и тренерот на Барселона Ернесто Валверде, на кој му е нејасно како Лео Меси заврши на петата позиција.

„Нема да влегувам во релевентноста во ваков избор, секој има право да гласа како што сака. Но, апсурдно ми е како е дури петти во овој избор. Сепак, секоја чест за Лука, одличен играч.“ – изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен потег на Гави: Донира 1,3 милиони евра за својот роден град

Фудбалерот на Барселона, Гави, направи голем хуманитарен потег и донираше 1,3 милиони евра…