Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска потврди дека Ферлан Менди потпишал нов договор со „кралскиот“ клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако Реал Мадрид се уште официјално не објавил, Анчелоти потврди дека Менди ја продолжил соработката.
„Менди потпиша нов договор до 2027 година. Многу сме среќни што го имаме во тимот и сакавме тој да остане со нас“, изјави Анчелоти.
Медиумите очекувано го поставија и прашањето дали тоа значи дека Алфонсо Дејвис нема да дојде следното лето од Баерн Минхен, бидејќи тешко би прифатил да биде во ротација со Менди, но италијанецот не даде одговор на тоа прашањење.
Дејвис се уште нема потпишано нов договор со Баерн, па доколку остане така, од 1 јули ќе биде слободен на пазарот.