Дома Фудбал Лига на шампиони Буфон: Не сакам да играм финале во ЛШ против Јувентус

Буфон: Не сакам да играм финале во ЛШ против Јувентус

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон призна дека не сака да игра финале во Лигата на шампиони против својот поранешен клуб Јувентус.

Буфон цели 12 години го носеше дресот на Јувентус, а ова лето како слободен играч се пресели во ПСЖ каде главна цел ќе му биде освојување на Лигата на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во ПСЖ брзо сфатија дека не зеле некој кој старее, туку некој кој е подготвен да се бори за своето место во тимот и сака да им помогне да се развиваат“, изјави Буфон.

Италијанецот со Јувентус загуби три финалиња во ЛШ, па призна дека не сака да се сретне со „старата дама“ во финалето.

„Не ми е жал што го напуштив Јувентус. Нашата разделба беше планирана долго време. Ако треба да се сретнеме со Јуве во Лигата на шампионите, претпочитам тоа да се случи пред финалето. Ако ја освоиме титулата против Јуве нема да можам да се радувам доволно кога ќе ги гледам солзите на моите пријатели и навивачи“, искрен беше Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…