Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го доби најтешкиот противник во Лигата на шампиони, па во осминафиналето ќе ги одмери силите со Пари Сент Жермен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Легендата на „кралскиот“ клуб, Емилио Бутрагењо го коментираше ждребот и истакна дека според него овај дуел слободно можел да биде и финале во Лигата на шампиони.
„Овој дуел лесно можеше да биде и финале оваа година. И двата тима се многу силни. За жал ждребот беше таков, па еден од двата тима ќе биде елиминиран. ПСЖ од година во година е се посилен и имаат огромен потенцијал. Тоа го потврдија нивните натпревари во групната фаза“, изјави Бутрагењо.
Реал Мадрид и ПСЖ првиот натпревар на „Сантиаго Бернабеу“ ќе го одиграат на 14-ти февруари, а реваншот е на 7-ми март во Париз.