Дома Фудбал Бурни реакции во Шпанија: Судија во Ла Лига свирна крај кога играчот шутна и постигна гол! 🎥

Бурни реакции во Шпанија: Судија во Ла Лига свирна крај кога играчот шутна и постигна гол! 🎥

Во вчерашниот натпревар помеѓу Ваљадолид и Севиља во Ла Лига беше видена неверојатна ситуација во која домашните фудбалери постигнаа гол во последните секунди од првото полувреме, но истиот не беше признат.

Сето тоа се случуваше во 50-тата миниута, 60 секунди по истекот на судиското надополнување. Судијата ја крена раката за крај во истиот момент кога домашниот фудбалер по една одбиена топка шутна од 30 метри и ја погоди мрежата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Следуваа големи протести од домашните фудбалери, но дел од судиските експерти по мечот објаснуваа дека одлуката на судијата била исправна.

На крајот Ваљадолид прими три гола во второто полувреме и претрпе убедлив пораз.

Незадоволство од ваквата одлука изрази и славниот Роналдо Назарио Да Лима кој е сопственик на Ваљадолид.

„НЕДОЗВОЛИВО е ова што се случи на „Зорилја“! Досега молчевме обидувајќи се да го оправдаме нашето незадоволство преку официјални средства за комуникации, состаноци и петиции, а исто така избегнувавме и јавно изложување. Но, веќе е доста! Ова е професионален фудбал и бараме објаснувања.

 Грешки од вакви димензии можат да променат цела сезона. Но, едно нека биде јасно: ќе се бориме против СЕ и против СИТЕ затоа што сме Реал Валјадолид. Нашиот тим, нашите навивачи и нашиот град дадоа сè што имаат и никој нема да ни го одземе тоа“, објави Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…