Дома Фудбал Англија Бројките не лажат: Рашфорд разочара!

Бројките не лажат: Рашфорд разочара!

Во овој момент изгледа дека Англичанецот не е калибар за напаѓач во голем клуб.

Манчестер Јунајтед вчера забележа победа над Лестер. „Црвените ѓаволи“ славеа 1:0, а стрелец на голот беше Маркус Рашфорд од пенал. Јунајтед со овој триумф ја прекина низата од серија од три натпревар без победа, но се повеќе станува очигледно дека им недостасува напаѓач. Рашфорд изгледа не може да ги исполни очекувањата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да, Рашфорд постигна три гола од почетокот на сезоната, но на два пати постигнуваше голови од пенал, покрај тоа еден и промаши. Лукаку го напушти Јунајтед, па младиот фудбалер доби слобода.

Рашфорд навивачите го сметаа за некој кој може да биде лидер во нападот, но да видиме што вели статистиката.

Од почетокот на минатата сезона до денес Рашфорд постигнал само 16 голови што значи дека потребни му се нешто повеќе од 230 минути за гол. Пред него се скоро сите напаѓачи од тимовите во горниот дел на табелата. Кога е само Премиер лигата во прашања потребни му се 214 минути и пред него е и неговиот соиграч Ентони Марсијал.

Може да се каже дека Рашфорд претходната сезона не играше на позицијата „деветка“, но подобри бројки од него бележат Мане, Стерлинг, споменатиот Марсија, Сон...И овие играчи не се класични напаѓачи. Во Англија веќе се коментира дека Рашфорд во иднина ќе го добие епитетот „вечен талент“.

Ако Рашфорд не започне да постигнува повеќе голови тогаш дефинитивно Јунајтед уште во јануари ќе мора да реагира на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…