Дома Фудбал Британците го нападнаа Ѓоковиќ поради неносење маска, а за забавата на Ливерпул – ниту збор!

Британците го нападнаа Ѓоковиќ поради неносење маска, а за забавата на Ливерпул – ниту збор!

Навивачите на Ливерпул беа пресреќни синоќа по победата против Челси од 5-3, зашто конечно ја прославија титулата на која чекаа цели 30 години, па не ги спречија ниту предупредувањата да не се собираат масовно пред „Енфилд“.

Иако полицијата ги предупреди навивачите да не слават пред стадионот, а тоа ги замоли и тренерот Јирген Клоп, поради ризик од ширење на Ковид-19, сепак тие не ги послушаа и дојдоа да го слават големиот успех на тимот.

Илјадници навивачи беа пред „Енфилд“ за време на мечот и по него, па се славеше како да е нормална состојбата во Британија и како да нема никаков вирус.

Интересно е тоа што британските медиуми не го осудија масовното собирање на навивачите без маски за време на Ковид-19, но тие удрија по српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој не носеше маска, иако беше во близина на еден негов пријател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фросиноне го брка шестото место, Фиорентина бара излез од кризата

Со победа над Лече, Фросиноне може да се искачи на шестата позиција и да му се доближи на …