Дома Фудбал Италија Бреша реагираше на изјавата на Балотели за Јувентус

Бреша реагираше на изјавата на Балотели за Јувентус

Maрио Балотели вчера излезе во јавноста со изјава дека Серија А се прекинала дури кога Јувентус се фрати на врвот на табелата.

„Лацио е пресилен. Мораа да го вратат Јувентус на првото место па потоа да го прекинат првенството“, изјави напаѓачот на Бреша.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе потсетиме Јувентус минатата недела пред празни трибини на свој терен го победи Интер со 2:0 и се врати на врвот на табелата, а поради пандемијата на коронавирусот лигата потоа беше прекината.

По ваквата изјава на Балотели се огласи и неговиот клуб Бреша.

„Имено, Марио Балотели за врене на Инстаграм преносот во живо кој е повторен на Јутуб ја коментираше наклонетоста кон Јувентус кој е кандидат за шампион на Италија. Бреша нагласува дека таквиот став е строго личен и никако не треба да се поврзува со ставот на клубот“, соопштија од Бреша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…