Дома Фудбал Брајтвајт: Бев во инвалидска количка, сега играм за Барселона

Брајтвајт: Бев во инвалидска количка, сега играм за Барселона

Барселона беше во потрага по напаѓач и на изненадување на многумина го купи Мартин Брајтвајт од Леганес за 18 милиони евра.

Данскиот напаѓач пристигна на „Камп Ноу“ со дозвола од Лигата како замена за повредениот Осман Дембеле.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Напаѓачот за шпанските медиуми откри дека како дете имал тешка повреда на колкот и цели две години поминал во инвалидска количка.

„Две години морав да седам во инвалидска количка бидејќи имав повреда на колкот. Морав да одмарам и не можев да ја испружам ногата, а за дете кое сака да игра фудбал, тоа е нешто најлошо“, изјави Брајтвајт.

„Кога се видов себе си во огледало со дресот на Барселона беше неверојатно. Го исполнив сонот да заиграм за голем клуб и ќе дадам се од себе за да покажам дека имам квалитет да играм во клуб како Барселона“, додаде напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…