Дома Останати Кошарка Брајант: Леброн, добредојде во семејството

Брајант: Леброн, добредојде во семејството

Лебро Џејмс вчера ги прифати условите и потпиша четиригодишен договор со ЛА Лејкерс, а еден од првите кои му посакаа добредојде е Коби Брајант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот Коби изјави дека му се допаѓа потегот на Леброн и дека е среќен што својата каериера ќе ја продолжи токму во Лос Анџелес.

„Добредојде во семејството.“, напиша Коби Брајант на својот Твитер и така му посака многу среќа во новиот дрес.

Американските медиуми исто така пренесуваат дека Леброн разговарал со Коби пред да се сретне со претседателот на клубот, со кој покасно ги договорил деталите.

Да потсетиме, Леброн Џејмс во Лејкерс за четири години ќе заработи 154 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мозес Рајт стана „Македонец“ – големо засилување за репрезентацијата!

Македонската кошаркарска репрезентација добива значајно засилување за претстојниот ФИБА пр…