Дома Фудбал Останато Бразилецот објаснува колку бил лош ученик: Паднав година по ликовно, иако вујко ми беше професор

Бразилецот објаснува колку бил лош ученик: Паднав година по ликовно, иако вујко ми беше професор

Познато е дека поголемиот дел фудбалери и не се баш образовани, секако има и исклучоци како што се Џорџо Киелини и Хуан Мата кои имаат магистарски дипломи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, ѕвездата на Еверон и новиот репрезентативец на Бразил, Ричарлисон со сигурност не е во категоријата на Мата и Киелини, туку во онаа каде што спаѓаат поголемиот број фудбалери.

Како и што самиот потврди, за него фудбалот бил единствениот пат до подобар живот, во спротивно веројатно го чекал многу поинаков и потежок живот. За негова среќа тој успеал во она што е најдобар.

Ричарлисон за медиумите сега даде интересна изјава во која се обиде да објасни колку лош бил на училиште.

„Фудбалот за мене беше единствениот пат до подобар живот. Училиштето воопшто не ми одеше. Нема потреба премногу да зборувам доволно е да ви кажам дека паднав по предметот ликовна уметност, иако професор беше мојот вујко“, откри Ричарлисон.

https://www.youtube.com/watch?v=vDojgKydhZQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто на Мундијал на Бразил никогаш не му се случило: Еве како Норвешка ги надигра

Бразилската репрезентација доживеа неочекуван пораз и елиминација уште во осминафиналето н…