Бостон успеа да слави против Мајами со резултат 100:96 со што ја доби серијата со 4:3 во финалето на Источната конференција.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Селтикс ова е прво финале од 2010 година. Од почетокот на мечот Бостон го наметна својот стил на игра и после првиот период веќе имаа солидна предност од 15 поени разлика (32:17). Мајами до крајот на полувремето се доближи до 55:49, но повеќе не можеа.




Пред финишот при предност на Мајами од 13 поени Мајами имаше серија од 11:0, но за повеќе немаа сили. Батлер промаши тројка, а потоа Маркус Смарт од слободни фрлања го реши прашањето на победникот.




Најефикасен кај Бостон беше Џејсoн Татум со 26 поени, Џејлен Браун постигна 24, додека Батлер на спротивната страна постигна 35 поени. Во финалето на НБА Бостон ќе се сретне со екипата на Голден Стејт.



