Дома Фудбал Останато „Борусија само блефира, Санчо многу брзо ќе стане играч на Јунајтед“

„Борусија само блефира, Санчо многу брзо ќе стане играч на Јунајтед“

Долго време актуелни се најавите дека Џејдон Санчо ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, а од вчера се тврди дека таа приказна е завршена и дека Санчо ќе остане во Борусија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Борусија претходно порачаа дека ако Санчо отиде на припреми со клубот што вчера се случи тој ќе остане во клубот. Покрај тоа директорот на „милионерите“ Микаел Зорц порача дека Санчо нема шанси да си замине.

Сепак поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Овен Харгрвис смета дека од Борусија само блефираат.

„За мене тоа е блефирање. Верувам дека Санчо многу брзо ќе биде играч на Манчестер Јунајтед. Со ова што го прави Борусија сака само да извлече повеќе пари. Тие знаат дека Манчестер Јунајтед е многу заинтересиран и затоа долго се преговара. Според мене блефираат затоа што знаат дека Санчо ќе си замине, не е познато само за колку“, изјави Харгрвис за „БТ Спорт“ каде што беше стручен коментатор за натпреварот на Јунајтед против Копенхаген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олисе не може да „спие мирно“: Еден клуб му е во мислите, но Баерн не го пушта да замине

Мајкл Олисе е наводно решен ова лето да го напушти Баерн и да се пресели на „Сантјаго Берн…