Дома Фудбал Германија Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавирусот, така што дел од ултрамодерниот стадион го претвори во центар за прегледи.

Северната трибина на најголемиот германски стадион, со вкупно 82.000 места, ќе се користи за прегледи на лица за кои постои сомневање дека се заразени од вирусот или кои веќе имаат симптоми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат германските медиуми, Центарот ќе биде отворен утре и таму ќе се утврдува кој ќе оди во карантин, а кој во болница. Поради пренатрупаност на здравствените установи во Дортмунд со голем број сомнителни случаи на заразени, одлучено е да се вршат прегледи на стадионот каде има повеќе места, а помалку можности да се шири инфекцијата додека луѓето чекаат во затворен простор.

Во моментов на територијата на Германија има околу 86.000 случаи на заболени од КОВИД 19, а починати се 1122 лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…