Дома Фудбал Италија Бонучи за најтешката одлука во неговата кариера: Во Милан сфатив дека Јувентус е мое семејство

Бонучи за најтешката одлука во неговата кариера: Во Милан сфатив дека Јувентус е мое семејство

Леонардо Бонучи пред 10 години првпат стигна во Јувентус, а во 2017 година го направи најшокантниот потег во неговата кариера.

Како „гром од вердо небо“ Бонучи во 2017 година направи трансфер во Милан. И таму не се прослави затоа што само за една година се врати во Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега италијанскиот стопер зборуваше за својата одлука и призна дека погрешил.

„Беше тоа тешка сезона за мене и приватно и професионално. Имаше неколку несогласувања, посебно после поразот во Лигата на шампионите и на крај донесов лоша одлука…Но морам да кажам дека поради таа одлука која сигурно влијаееше на мојата кариера растев како човек“.

„Во месеците кои ги поминав во Милан ја преиспитав одлуката и сфатив дека Јувентус е мое семејство. Запознав некои прекрасни луѓе во Милан, пред се Рино Гатузо. Беше тоа тешка година, но не и бескорисна. На крајот бев среќен што се вратив дома“, порача Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…