Дома Топ вести „Бомба“: Погба јавно се огласи и најави заминување од „Олд Трафорд“

„Бомба“: Погба јавно се огласи и најави заминување од „Олд Трафорд“

Иднината на Пол Погба и ова лето ќе биде една од најжепките теми на трансфер пазарот, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Французинот ќе си замине од „Олд Трафорд“.

После лошата сезона Погба е спремен да ја промени средината, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Реал Мадрид.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Зидан по секоја цена го посакува сонародникот во својот тим, но проблем е високата цена од 150 милиони фунти која Манчестер Јунајтед ја постави за неговата слобода.

Сега конечно се огласи Погба на оваа тема и јавно призна дека е спремен да го напушти клубот, со што изврши дополнителен притисок врз раководството на Манчестер Јунајтед.

„Имам уште три години од договорот со Манчестер Јунајтед и досега таму ми беше супер. Имав некои добри моменти, но и лоши моменти, како секој фудбалер. По оваа сезона и се што се случи во неа, и која беше моја најдобра во кариерата сметам дека е добро време да пробам нов предизвик на друго место. Размислувам за тоа, да прифатам нов предизвик во друг клуб“, истакна Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…