Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Дибала се сели во Ливерпул за рекорден трансфер!

„Бомба“ од Островот: Дибала се сели во Ливерпул за рекорден трансфер!

Се погласни се шпекулациите дека Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе го напушти италијанскиот шампион Јувентус.

Дибала оваа сезона е во сенка на Кристианто Роналдо, игра под своето ниво, па често натпреварите ги почнува од клупата за резерви.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа се поголеми се шансите да ја напушти „старата дама“ на крајот на сезоната, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат Интер, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Италијанските медиуми тврдат дека најсилен е интересот од страна на Ливерпул, кој веќе ги започнал преговорите, па трансферот би можел да биде договорен во наредните недели.

Јирген Клоп сака по секоја цена да го донесе 25-годишниот Аргентинец во своите редови, а и самиот Дибала преферира трансфер во Премиер лигата.

Се уште не е јасно колку ќе „тежи“ трансферот на Аргентинецот на „Енфилд“, но Ливерпул сигурно ќе мора да плати сума помеѓу 100 и 120 милиони евра, што ќе биде рекорден трансфер во Премиер лигата.

https://youtu.be/WlQ_KvjWWiI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…