Дома Топ вести Бомба од Мадрид: Агентот на Роналдо преговара со Реал!

Бомба од Мадрид: Агентот на Роналдо преговара со Реал!

Кристијано Роналдо има одлични настапи во Јувентус, но неговите голови не му помогнаа на клубот да ги оствари своите цели.

Лигата на шампионите беше целта поради која Роналдо пред три години беше донесен во Јувентус. Меѓутоа, тоа и натаму останува само сон за торинскиот клуб, откако Старата дама во вторникот беше елиминирана од Порто во осминафиналето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Роналдо е во очај, а разочарувањето ќе биде уште поголемо ако после девет сезони Старата дама остане без Скудето. Со оглед на моменталната форма и позицијата на табелата, тоа е реално да се очекува.

Португалецот на крајот од сезоната би можел да го напушти Торино. Бомбата синоќа ја активира новинарот Хозе Педрерол во Емисијата Ел Чирингито. Тој откри дека агентот Жорже Мендеш е во преговори со Реал Мадрид за можно враќање на Роналдо на Сантијаго Бернабеу.

Роналдо не се опрости на добар начин со Перез, па поради тоа овој обид може да пропадне, но тоа е играчот кој даде многу за Кралевите и сите сакаат да го видат во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…