Дома Топ вести „Бомба“: Легендата се враќа во Челзи!

„Бомба“: Легендата се враќа во Челзи!

Френк Лампард најави дека ќе се раздели со Њујорк сити на крајот на годината, што предизвика бран шпекулации за неговата иднина.

Денеска стигна официјална информација дека Челзи ќе му понуди на Френк Лампард враќање на „Стемфорд Бриџ“, иако 38-годишниот Англичанец сеуште не донел одлука дали ќе продолжи со играњето фудбал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите во Англија тврдат дека раководството на Челзи сака да и предложи на легендата на „сините“ позиција во клубот. Варијантите се клубот да му понуди тренерски пост во школата или улога на амбасадор на клубот во светот.

Британската телевизија „Скај“ пак веќе му понудила работа на Лампард како аналитичар што многу поранешни играчи ја избираат како кариера, откако се пензионираа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Далиќ го објави списокот: Ова се фудбалерите со кои Хрватска ќе игра на Европското првенство

Селекторот на Хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го објави списокот од 26 иг…