Дома Фудбал „Бомба“: Де Јонг одлета за Лондон 🎥

„Бомба“: Де Јонг одлета за Лондон 🎥

Френки де Јонг денес беше „уловен“ на аеродромот во Барселона како лета за Лондон, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓанецот во текот на цело лето е главна тема во медиумите поради неговиот евентуален трансфер во Премиер лигата.

Барселона ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед за него, но играчот одби да се пресели на „Олд Трафорд“.

Каталонците сакаат да го продадат бидејќи имаат финансиски проблеми, а Де Јонг не прифаќа намалување на платата.

Во трката за неговиот потпис се вклучи Челзи, кој е спремен да плати 80 милиони евра, а тоа што Де Јонг е виден како патува за Лондон додатно ги разгоре шпекулациите.

Новинарите на „ЕСПН“ пак откриваат дека причината е приватна и дека Де Јонг ќе оди на семејна прослава кај близок пријател.

Остануваат уште два дена до крајот на преодниот рок, па останува да видиме каков ќе биде расплетот и дали не очекува „бомбастичен“ трансфер на самиот финиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…