Дома Фудбал Италија Бомба: Газдата на Луи Витон нуди една милијарда за Милан!

Бомба: Газдата на Луи Витон нуди една милијарда за Милан!

Италијанскиот гигант Милан наскоро би можел да добие нов сопственик и тоа еден од најбогатите луѓе во светот.

Имено, според информациите на „Ил Месенџеро“ сопственикот на Луи Витон понудил една милијарда за да го купи Милан.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бернард Арнолт пред само неколку месеци го помина Ворен Бафет на листата најбогати луѓе во светот и сега се наоѓа на третото место зад Џеф Безос и Бил Гејтс. Богатството на Арнолд се проценува на 94.6 милијарди долари.

Во овој момент Милан го води инвестициониот фонд „Елиот“ кој го превзема клубот откако сомнителниот Кинез не успеа да го врати долгот кон нив. За Милан очекувано владе голем интерес.

Фондот „Елиот“ одби две понуди, една од 600 милиони евра, а друга од 750 милиони евра. Сепак понудата на Арнолт од една милијарда би можела да биде и тоа како примамлива.

Францускиот бизнисмен има амбициозен проект и по скапиот откуп на клубот сигурно има план за враќање на Милан во италијанскиот и европскиот врв.

Останува да видиме дали во овие најави на италијанските медиуми има вистина и ако има дали „Елиот“ ќе ја прифати богатата понуда.

Инаку, Милан оваа сезона после три кола во Серија А има освоено шест бодови со учинок од две победи и еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…