Дома Топ вести „Бомба“ во најава: Замената за Мбапе во Париз може да пристигне од Премиер лигата?!

„Бомба“ во најава: Замената за Мбапе во Париз може да пристигне од Премиер лигата?!

Тимот на Пари Сен Жермен веќе е во потрага по замена за Килијан Мбапе кој како што стојат работите ќе се пресели во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На мета на Французинот е првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пренесува „Скај Спорт“.

Според најавите, ПСЖ ќе тргне по потписот на Рашфорд, доколку добијат информација дека англискиот напаѓач е спремен да си замине од „Олд Трафорд“. Англискиот репрезентативец блескаше минатата сезона, но сезонава повторно се мачи и на 28 натпревари постигна пет гола и подели шест асистенции.

Освен тоа во последно време Јунајтед има проблеми и со дисциплината на Рашфорд. Останува да се види во наредниот период дали ПСЖ може да дојде до потписот фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…