Дома Останати Кошарка Билбао и Барселона ќе играат кошарка на фудбалски стадион!

Билбао и Барселона ќе играат кошарка на фудбалски стадион!

Дуелот меѓу кошаркарите на Билбао и Барселона на 26 април ќе биде вистински спектакл и ќе се одигра на фудбалски стадион.

Домаќин на историскиот меч ќе биде „Сан Мамес“, кој има капацитет од 53.289 места, плус ќе бидат поставени монтажни трибини со капацитет од 28.644 столчиња.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Организаторите веруваат дека ќе биде урнат рекордот по посети на еден кошаркарски меч во историјата, кога станува збор за Европа.

Рекордот го држат Франција и Шпанија од Европското првенство во 2015 година, кое се одржа во Лил на „Пјер Моро“, каде што беа собрани 26.992 луѓе на натпреварот.

Во адаптација на кошаркарските трибини на фудбалскиот стадион ќе бидат ангажирани 300 работници, кои ќе треба да го трансформираат стадионот за 72 часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ за пораката кон Гоберт: Кој пцуел? Јас? Не…

Лука Дончиќ одигра маестрален натпревар за Далас во кој постигна трипл-дабл, но погоди и т…