Дома Фудбал Англија Бизарна ситуација: Редарите си јаделе сладолед, играчите на Челзи си чекале во автобусот

Бизарна ситуација: Редарите си јаделе сладолед, играчите на Челзи си чекале во автобусот

Само благодарение на Герет Бејл кој одигра одличен натпревар за Тотенхем против Лестер Челзи наредната сезона сигурно ќе игра во Лигата на шампионите, без разлика што ќе направи во финалето против Сити.

Челзи изгуби од Астон Вила и ако Лестер победеше со Тотенхем тогаш „сините“ за да играат наредната сезона во најелитното европско натпреварување во новата сезона ќе мораше да го победат Сити во финалето.
На прес-конференција по натпреварот помеѓу Вила и Челзи можеше да се забележи бесот на Тухел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По натпреварот медиумите ја открија причината поради која Тухел бил бесен, а тоа не бил само поразот.

Пред натпреварот автобусот на Челзи се соочил со една бизарна ситуација. Имено, тие чекале 15-20 минути во автобусот додека редарите да ги спроведат на паркингот. Чекањето се случило затоа што редарите ги немало на местото каде што треба да бидат, а ги немало верувале или не затоа што си одмарале и си јаделе сладолд.

Поради ваквата ситуација раководството на Челзи поднело пријава до надлежните за жалејќи се на односот кон нив од страна на организаторот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…