Дома Фудбал Италија Берлускони му се враќа на фудбалот: Се е спремно за купување на Монца

Берлускони му се враќа на фудбалот: Се е спремно за купување на Монца

Италијанските медиуми вчера лансираа вистинска „бомба“ и открија дека поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони е спремен да му се врати на фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Берлускони заедно со неговата „десна рака“ Адриано Галијани е во поодминати преговори да го купи италијанскиот нисколигаш Монца.

Според „Скај“, Берлускони преговара за купување на клубот со семејството, Коломбо (сопствениците на Монца). Освен Берлускони на фудбалот би му се вратил и Адријано Галијани кој ќе му помага на Силвио. Местото од каде што доаѓа овој клуб е родниот град Галијани.

Имено, Галијани беше потпретседател на Монца во периодот 1984 – 1986, пред да му се приклучи на Милан.

Семејството Коломбо би сакале да остане малцински акционер и да го препушти мнозинскиот пакет акции на Берлускони и Галијани. Извори блиски на Берлускони појаснуваат дека се уште не е ништо дефинирано, но преговорите се во тек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…