Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалските медиуми пренесуваат дека клубот од Лисабон е подготвен да го продаде младиот фудбалер во случај на добра понуда.
Најголем интерес за Невеш покажува Манчестер Јунајтед кој сака да го ангажира Невеш на крајот од сезоната.
„Црвените ѓаволи“ сметаат дека фудбалерот на Бенфика е идеална замена за Каземиро, кој на лето би требало да го напушти „Олд Трафорд“.
Невеш има 19 години и важи за еден од најголемите таленти во Европа, но Бенфика за неговата слобода бара 100 милиони евра.