Дома Фудбал Бензема останува во Реал до 2022 година!

Бензема останува во Реал до 2022 година!

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се договори со клубот за продолжување на договорот за уште една сезона, откри „Марка“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во моментов Бензема има договор со „кралевите“ до 2021 година, а ќе ја продолжи верноста до јуни 2022 година.

Французинот со новиот договор ќе добие и повисока плата, со оглед на фактот дека игра одлична сезона и покажа дека е лидер на тимот после заминувањето на Роналдо.

Тој имал можност да потпише и подолг договор, но во 2022 година ќе има точно 34 години, па не е јасно дали ќе сака да продолжи да игра на високо ниво.

Не е тајна дека напаѓачот е во одлични односи со Флорентино Перез и тоа е основа Бензема да остане долги години на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …