Дома Топ вести Бензема го спаси Реал од пораз во дербито на Мадрид 🎥

Бензема го спаси Реал од пораз во дербито на Мадрид 🎥

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид денес одиграа 1:1 во дербито на Ла Лига.

„Јорганџиите“ дојдоа до водство преку Суарез после 15 минути игра. Љоренте испрати една одлична топка за Суарез која Уругваецот ја искористи на одличен начин. Реал до изедначување стигна дури во самиот финиш од мечот кога Бензема го матираше Облак.

Ситуација после овој натпревар која сигурно ќе биде предмет на коментирање е онаа кога Реал не доби најстрога казна. Сезонава многу пати бевме сведоци на досудување пеанли за било какво играње со рака во шеснаесетникот, но овој пат главниот судија не постапи на таков начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓ…