Дома Топ вести Белерин коментираше за можниот трансфер во Барселона

Белерин коментираше за можниот трансфер во Барселона

Шпанскиот репрезентативец, Хектор Белерин веќе неколку недели се поврзува со трансфер во редовите на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Десниот бек на Арсенал зад себе има прилично добра сезона, а веќе неколку недели се шпекулира дека својата кариера ќе ја продолжи во Барселона. Белерин во моментов се наоѓа во тренинг кампот на репрезентацијата на Шпанија, и за медиумите на Пиринеите зборуваше за интересот на каталонскиот клуб.

„Немаше никаков контакт со Барселона, но добро знам за што се зборува овие денови. Секако дека бев среќен кога слушнав дека ме сака Барса, но тоа не зависи само од мене. Сакам да играм во ЛШ, а тоа нема да може со Арсенал следната сезона. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Белерин.

Познато е дека позицијата десен бек е најголемиот проблем на Барселона откако си замина Дани Алвеш во Јуве. На оваа позиција претежно играше Серги Роберто кој е играч за врска, а многумина се надеваат дека оваа позиција ќе ја завземе Белерин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…