Дома Фудбал Англија Белерин е повеќе од човек – За секоја минута во игра донира по 57 евра за жртвите во пожарот

Белерин е повеќе од човек – За секоја минута во игра донира по 57 евра за жртвите во пожарот

Репрезентативецот на Шпанија и десниот бек на Арсенал ја одушеви спортската јавност со неверојатен гест. Хектор Белерин сака да им помогне на жртвите од пожарот во лондонскиот облакодер, а тоа одлучи да го направи на интересен начин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секоја минута која ја игра на Европското првенство до 21 година за Шпанија вреди 57 евра, а сите пари ќе си заминат на сметката на семејствата чиј членови загинаа во пожарот, а за сега се 58.

„Ве молам, помогнете им на жртвите на било кој начин“, напиша Белерин на Твитер, со што ја покажа големата хуманост и докажа човечка величина.

 

Интересно, еден од најдобрите десни бекови во светот, се поврзува со враќање во Барселона, а дали ќе се врати во Каталонија во или ќе остане во редовите на „Топчиите“ останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Килијан Мбапе станува фудбалскиот Мајкл Џордан

По речиси две децении заврши соработката на Мбапе со Најк, но Французинот наводно не сака …