Дома Македонски спорт Белгија може да биде следна дестинација за Миовски!

Белгија може да биде следна дестинација за Миовски!

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски би можел ова лето да направи трансфер во Белгија и тоа во редовите на Еупен.

Белгиските медиуми пренесуваат дека белгискиот прволигаш испратил понуда за Миовски и во тек се преговорите за трансфер. Според информациите Миовски има повеќе понуди, но се наведува дека Еупен е најупорен во намерата да го доведе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зад себе во МТК Миовски има солидна сезона која ја заврши со осум гола и три асистенции на 30 натпревари. Миовски веќе редовно е на списокот на Благоја Милевски, а ќе биде дел од репрезентацијата и за натпреварите во јуни во рамките од Лигата на Нации.

Во кариерата Штипјанецот играше уште за Ренова, Македонија ЃП, Работнички, Брегалница и младинскиот тим на Карабах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…